Утрински Весник
Свет

Почнува Светскиот економски форум во Давос

20250120115413 Big 730x400 28.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во швајцарскиот град Давос денеска почнува Светскиот економски форум на кој ќе присуствуваат околу 900 извршни директори и е присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 шефови на држави и премиери. Говорите на лидерите ќе почнат утре по денешното свеченото отворање на годишната конференција на Светскиот економски форум.

Официјалната програма вклучува разговори и панели за кибер криминалот, вештачката интелигенција и технолошките промени, под мотото „соработка за интелигентно доба“.


Се претпоставува дека овогодишниот состанок ќе биде обликуван од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите постапки во неговиот втор мандат како претседател на САД.

Светскиот економски форум ќе трае до 24 јануари.

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка