Утрински Весник
Свет

Огромен напад врз Киев, има многу ногу мртви и ранети

Kiev napad.jpg

Во руски напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и околината загинаа 15 лица, а 51 се повредени. Во текот на ноќта, властите објавија дека избувнале пожари во украинскиот главен град и неговите предградија.

Државната служба за вонредни ситуации (ДСНС) потврди дека 14 лица загинале во регионот на Киев, додека 27 се повредени. Спасувачките операции на терен сè уште се во тек. Според нивните податоци, штетата е предизвикана во областите Бровари, Буча и Фастив, каде што по нападот биле запалени магацини и возила.

Градоначалникот Виталиј Кличко извести дека едно лице е убиено, а 24 се повредени во самиот Киев. Тој истакна дека 15 од повредените се однесени во болница и дека четворица се во критична состојба. Воената администрација на градот Киев соопшти дека е регистрирана штета на повеќе од седум локации. Погодени се областите Холосиевски, Оболонски, Десњански и Свјатошински во градот.

Киевските независни новинари од терен објавија дека првите силни експлозии се слушнале околу 00:20 часот по локално време. Тие изјавија дека градот бил погоден од повеќе балистички ракети и дека експлозиите одекнувале во следниот час. Во тоа време, украинските воздухопловни сили постојано предупредувале за нови балистички ракети што се движат кон Киев. Предупредувањето за беспилотни летала е издадено во 1:09 часот по локално време.

Овој напад се случи само неколку дена по претходниот голем руски напад со балистички ракети врз Киев. Во нападот на 1 август загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 30 беа повредени.

Можете да прочитате

Трамп пак му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени!

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната

Данската принцеза Изабела почна со воена служба