Утрински Весник
Спорт

Почнува „спортскиот судски процес“ на векот против Манчестер сити

20240916084538 Big 730x400 73.webp.webp

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Сити по повеќемесечно пролонгирање денеска конечно ќе се соочи со независна истражна комисија во врска со сомневањата за сторени дури 115 финансиски прекршоци.

„Среќен сум што почнува в понеделник“, прокоментира во петокот тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, иронично додавајќи: „Знам дека ќе има и други гласини од нови експерти во врска со санкциите“.

Бројот на обвиненија против клубот (115) и реномето на англискиот прволигаш, кој е четирикратен последователен шампион на Англија, нудат невиден и спектакуларен карактер на она што светските медиуми веќе го нарекоа „спортско судење на векот“.

Сепак, процесот нема да се води пред судии и поротници, туку од независна комисија која зад затворени врати на непозната локација во продолжение на неколку седмици треба да ги сослуша двете страни пред, според најоптимистичките проценки, да донесе одлука на почетокот на 2025 година.

Премиер лигата, организаторот на најгледаното фудбалско првенство во светот, смета дека Манчестер Сити свесно ги заобиколил финансиските правила наметнати во периодот од 2009 до 2018 година за да ги поттикне своите спортски амбиции.

Конкретно, Манчестер сити се товари дека ги заобиколил финансиските прописи на англиската лига откако клубот во 2008 година го презеде конзорциумот Абу Даби Јунјатед Груп (ADUG) во сопственост на Шеик Мансур.

Манчестер сити во периодот за кој е осомничен за финансиските малверзации три пати го освои англиското првенство, по што во 2023 триумфираше и во Лигата на шампиони. 

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо