Утрински Весник
Спорт

Почнува новата сезона во коњички спорт – прескокнување пречки

20240413074752 Big 730x400 4.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со дводневен турнир викендов во скопско Волоково ќе биде отворена сезоната 2024 во прескокнување пречки со коњи.

Според натпреварувачкиот календар на Федерацијата на коњички спорт на Македонија денес ќе се одржи 1. коло од Купот на Македонија.

На програмата се шест натпревари во прескокнување на пречки во категориите Е*, А*, А**, Л* и М* и со височина на пречките од 0,6 до 1,3  метри и ширина до 1,3 м. 

За утре е предвидено 1. Коло од Државното првенство со шест натпревари во класите А, А1, Б, Ц, Д и Д1 со височина на пречките од 0,70 до 1,30 м./ширина до 1.4 м.

Организатор на турнирот е коњичкиот клуб Бравадос. 

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини