Утрински Весник
Македонија

Почнува акцијата „72 часа чисто Скопје“ – Ѓорѓиевски го стартува ветувањето за почист град

Img 0636.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екипа на 24инфо е на лице место пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, вечерва ја најави големата акција „72 часа чисто Скопје“. Со ова започнува исполнувањето на неговото ветување дека за само три дена ќе го исчисти главниот град.

Во рамките на акцијата ќе се работи интензивно на собирање на отпадот, миење на улиците, плоштадот Македонија и кејот на реката Вардар. Тимови од јавните претпријатија ќе бидат распоредени во сите делови на градот со цел за рекордно време да се отстрани наталожениот смет и нечистотија.

На стартот на акцијата, пристигнаа и скопските градоначалници – на Општина Аеродром Дејан Митески, на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајкоска и на Карпош Сотир Лукровски, кои дадоа поддршка на заедничката иницијатива за почисто и поуредено Скопје.

„Скопје мора да биде чист, достоинствен и уреден град. Ги мобилизиравме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека тоа е можно“, изјави Ѓорѓиевски при стартот на акцијата.

Граѓаните очекуваат оваа операција да биде почеток на системско решение за чистотата во градот, а не само симболична акција.

24инфо ќе ја следи акцијата на терен во текот на целите 72 часа.

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника