Утрински Весник
Македонија

Почнува 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024

20240414183800 Big 730x400 89.webp.webp
300x250 (7)

Под мотото „Првиот чекор кон твојата кариера“, Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) – Скопје од денеска до 19 април го организира 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024.

Како што наведува БЕСТ, Job Fair е настан кои ги поврзува студентите и компаниите на едно место. Годинашното издание ќе се одржува во во техничко-технолошкиот кампус, каде секоја од партнер-компаниите ќе може да се запознае со студентите од техничките кампуси.

Img 5587

-Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е одлична можност за секој студент да ги надгради своите професионални вештини, да извлече вредни информации околу индустријата, но пред сè,  да се запознае со претставници од компании кои ќе му помогнат полека да се вклучи во пазарот на трудот, наведуваат организаторите.

Саемот има и официјална веб страница www.jobfair.org.mk преку која заинтересираните може детално да се информираат. 

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК со апел до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Петровска: Местото за споделување на Тошковски не се партиските лидери, туку институциите за вооружените групи