Утрински Весник
Култура

Почнува 17. издание на „Локум фест“ – музика и традиција

Почнува 17. издание на „Локум фест“ – музика и традиција

Со промоција на новиот албум на групата „Баклава“ на 18 јули во 20.30 часот на платото на Офицерски дом-КИЦ Битола ќе започне „Локум фест 2023“, а вечерта продолжува со музика која ни доаѓа од соседна Грција и Loxandra Ensemble – Λωξάντρα во 21.30 часот.

dobivaj vesti na viber

„Оваа година за првпат имаме Локум фест-ОФФ Програма, првата вечер во Вино бар Буре на Магнолија со Баклава и гостите од Грција. Нашата пасија за откривање на традиционалните музички спомени и звуци на конзулска Битола, ни ги носи нашите „битолчани“ од Њујорк, Elias ladino ensemble, а соработката со Државниот архив-одд.Битола ни донесува прекрасна изложба на фотографии од музичкиот живот на битолските евреи. Втората вечер ја затвораме со познатиот македонско-словенечки мајстор на саксофон Васко Атанасовски и промоција на неговиот албум на балканска музика„Мелем“ со пеачката Добрила Грашеска.

Дружбата продолжува во Хотел Театар со ладино музика, поезија, закуска, дружба…Последната вечер на 20.07 е резервирана за старата битолска чаршија каде ќе се случува фестивалското „крешендо“. Ќе се распостелиме покрај пешачката улица крај Драгорот, со ракотворби, локуми, турксо кафе, добра храна и радост…Ќе уживаме во мајсторијата на Вевки Амедов и неговите „Јужни звезди“, славејќи ја ромската култура, а токму оваа вечер ги имаме специјалните гости од партнерскиот фестивал Резонатор од Данска кои со поддршка на MOST music ги имаме во Битола. Групата „Ypek Yolu“ или патот на свилата е харизматична спојка на традиционална анадолска народна музика и фанк фјужн, музика која има една единствена цел-да ве разигра и опушти…Традиционално ќе се дружиме сите три фестивалски вечери со ЗУР Македонски ракотоворби , крушевски и битолски локум, со презентации на рачно изработени производи и секако кафе“ велат организаторите на настанот.

Фестивалот се реализира со средства на Министертсво за култура, Општина Битола, Пред плус фондацијата, Амбасадата на Р.Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Р.Грција во Битола, КИЦ Битола како и бројни пријатели и поддржувачи.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“