Утрински Весник
Спорт

Почна реконструкцијата на салата „Работнички“

Whatsapp Image 2024 12 25 At 11.36.46 626f0df3.jpg

Општина Центар започна со целосна реконструкција на салата „Работнички”, која со децении беше во катастрофална состојба – запуштена, оштетена и без основни услови за тренинзи и натпревари.

„Со оваа реконструкција го враќаме достоинството на овој спортски симбол на нашата општина, дом на македонската кошарка. Многу мои претходници ветуваа решенија и проекти на хартија, но без реализација. Откако годинава ја добивме надлежноста врз објектот, веднаш почнавме со работа. Реконструираниот простор целосно ќе ги исполнува ФИБА стандардите, а  КК ,,Работнички” ќе добие современа сала за тренинзи и натпревари, што ќе овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски на прес конференцијата.


Активностите на терен веќе во полн ек. Се поставува нова фасада и кров, а првата фаза опфаќа целосна реконструкција на канцелариските простории каде беа сместени спортските федерации.

Втората фаза предвидува реконструкција на теренот, негово проширување, поставување нова еластична подлога според стандардите на ФИБА,  реконструкција  на гледалиштето со нови седишта, како и на  соблекувалните и туш кабините, и поставување на климатизација и подно греење.

„Со оваа целосна реконструкција, салата ,,Работнички” ќе стане современа и енергетски ефикасна, целосно прилагодена за врвни спортски настани”, додаде Герасимовски.

Општина Центар, вложувајќи во спортската инфраструктура и притоа почитувајќи ги меѓународните стандарди, активно придонесува за унапредување на спортот во Македонија.

Можете да прочитате

Бобан Илиоски и Милијана Рељиќ се најдобрите спортисти на Македонија за 2024 година

Свечен јубилеен настан „Спортисти на годината“ за 2024 година

Траги од глувци забележани на „Олд Трафорд“