
Во саботата вечерта, починат маж бил пронајден кај Средно Водно.
Претходно тој бил пријавен дека се одалечил од домот. Станува сбор за 64-годишен маж од Скопје.
– На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираа вчера од полицијата.



