Утрински Весник
Македонија

Почина уште еден пациент по несреќата во Кочани, вкупната бројка на жртви се искачи на 61 лице

Puls.webp.webp

Почина уште еден пациент кој беше на лекување по пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани. Со ова, вкупната бројка на починати во несреќата во Кочани се искачи на 61 лице.

Младиот Александар од Пробиштип, кој беше во критина состојба и на лекување во Литванија, е 61-та жртва на дискотеката „Пулс“ во Кочани, дознава „Скопје1“. Пријатели велат дека бил во многу тешка состојба и вештачка кома, со инфекции, бактерии и интубиран. Лекарите се бореле за неговиот живот три недели, но тој им подлегнал на тешките повреди меѓу кои и изгореници.


Претходно, во петокот, животот го загуби и Александар Карадаковски, кој им подлегна на повредите. И тој се лекуваше во Литванија.Неготово тело вчера е донесено во Македонија а утре ќе биде погребан во Кочани.

Можете да прочитате

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор 

Шерифовиќ објави албум со детски песни една му посвети на нејзиниот син