Утрински Весник
Македонија

Почина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, примено било со температура и повраќање

Тешко повреден вработен во Македонски шуми во Битола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шестгодишно девојче вчера почина во Клиничката болница Битола додека примало инфузија. Директорот на болницата Александар Обедниковски за „Макфакс“ вели дека девојчето било во нивната болница само неколку часа.

dobivaj vesti na viber

„Девојчето е донесено во болницата во 10 часот вчераутро, а почина во 14 часот. Родителите го донесоа дехидрирано, со покачена температура, повраќање и оток на очите. Кај нас беше само рехидрирано пред да почине. Телото сега е на обдукција, за случајот го известив Обвинителството“, рече директорот Обедниковски.

Според кажувањата на родителите, детето претходните два – три дена примало некаква терапија, но директорот Обедниковски вели дека тие како болница имаат пристап само до мерките што ги преземале специјалистите кај нив во болницата, а за сето останато ќе почекаат да заврши истрагата која е во тек.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари