Утрински Весник
Спорт

Почина селекторот кој во 1978 година ја предводеше Аргентина до првата титула светски првак

Screenshot 2024 05 06 095011.png

Почина легендарниот аргентински фудбалски тренер Цезар Луис Меноти, кој „гаучосите“ ги одведе до титулата светски првак во 1978 година. Меноти почина на 86-годишна возраст. Човекот кој како селектор и ја донесе на Аргентина првата светска шампионска титула, последниот месец го мина во болница поради тешка форма на анемија. Смртта на големиот тренер ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Аргентина. -Со жалење мораме да соопштиме дека почина Цезар Луис Меноти, актуелен директор на националните селекции и поранешен тренер на селекцијата која го освои светскиот шампионат“, се вели во соопштението. Меноти беше солиден играч и како напаѓач на Бока стигна до националниот тим за кој настапи 11 пати. Сепак, тој стекна многу поголема слава како тренер. Тој беше селектор на Аргентина од 1974 до 1983 година, по што беше тренер на Барселона, Бока, Атлетико Мадрид, Ривера и многу други клубови.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари