Утрински Весник
Свет

ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел

Picture 149 660x411 1.jpg

Обединетите нации ја истакнаа важноста на слободата на медиумите по одлуката на Израел да ја забрани Ал Џезира во земјата. – Ние сме силно против секоја одлука за укинување на слободата на медиумите.

Слободните медиуми обезбедуваат непроценлива услуга за да се обезбеди јавноста да биде информирана и ангажирана, изјави синоќа во Њујорк портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека неговиот кабинет едногласно гласал за затворање на телевизијата Ал Џезира во Израел.

Телевизијата ја осуди одлуката и истакна дека ќе ги искористи „сите можности“ за заштита на своите права и вработените.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија