Утрински Весник
Македонија

Почина пробиштипјанец во судир на автомобил и автобус кај клучката кај Штип

Почина пробиштипјанец во судир на автомобил и автобус кај клучката кај Штип

На 2.1.2023, во 19.40 часот, било пријавено дека на клучката кај Штип на магистралниот пат Три Чешми – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М. М. (37) од Пробиштип и автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Д. Ќ. (42) од Пехчево.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата од добиените повреди починал сопатникот во патничкото возило, С. Т. (37) од Пробиштип, а смрт била констатирана од лекар од итната медицинска помош.

Возачот М. М. добил повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

Можете да прочитате

Петров: 90 отсто од пратениците не поддржуваат, не сакаме да ги изложуваме на притисок

Петров: СДСМ падна на 100.000 гласа, не смееме да чекаме катаклизма – колку побрзо дојде до промена, толку побрзо ќе закрепнеме

Петров: „12:05“ продолжува, се вклучуваат се повеќе луѓе