Утрински Весник
Македонија

Почина музичарот и композитор Џенгиз Ибрахим

Img 2617.jpeg

Почина музичарот и композитор Џенгиз Ибрахим, соопшти Турскиот театар во Скопје.

Тој имаше 63 години и е еден од најзначајните претставници на турската култура во Македонија, како и еден од најреномираните балкански музичари кој свири на ориенталните традиционални инструменти канон, уд и саз, а работеше и како наставник по музичко во училиште во Чаир.

„Самиот често велеше, дека успешно ја претставува синтезата на музиката алатурка и алафранга не само кај нас туку и на меѓународната платформа. Музиката изведена на сцената во претставите во нашиот театар секогаш ќе остане во сеќавањата“, велат од Турски театар.

Можете да прочитате

СДСМ: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

МЗШВ: Институциите со координиран и засилен одговор против ширењето на сипаниците кај овците и козите

Емтоивна светска премиера на „Добри луѓе“ На Манчевски на Сараево филм фестивал