Утрински Весник
Магазин

Почина Крис Кристоферсон – 24info.mk

20240930080459 Big 730x400 65.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крис Кристоферсон, влијателен американски пејач и текстописец, како и успешен глумец, почина во саботата на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Кристоферсон починал мирно во својот дом на островот Мауи, Хаваи, САД, опкружен со семејството. Причината за смртта не е наведена.

Кристоферсон е роден во Браунсвил, Тексас на 22 јуни 1936 година. По дипломирањето на колеџ во Калифорнија, каде што играл и рагби, продолжил на Универзитетот во Оксфорд, а потоа ја следел семејната традиција, па отслужил и војска.

Кристоферсон се пробил во светот на музиката како текстописец во главниот град на кантри-музиката – Нешвил. Неговите текстови за хитовите „Help Me Make It Through the Night“, „For the Good Times“ и „Me and Booby McGee“ – една од последните песни отпеана од Џенис Џоплин, беа наградени со „Греми“.

Зад себе има и околу 120 улоги во филмски и ТВ-продукции.

Кристоферсон и неговата трета сопруга Лиза, со која се оженил во 1983 година, живееја на хавајскиот остров Мауи повеќе од 30 години. Тој имаше осум деца. 

Можете да прочитате

Древна астролошка техника ја открива вашата судбина во 2026 година

Ова се начини како можете да ја подобрите самодовербата на вашето дете

Лепче со паричка на Бадник или на Василица