Утрински Весник
Магазин

Почина хрватската пејачка и актерка со македонско потекло Велковска

Kostadinka 1024x612 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Почина познатата хрватска пејачка и актерка со македонско потекло, Костадинка Велковска. „Мајка ми почина во недела вечер во старечки дом. Нè боли нејзиното заминување, но се држиме. Се бореше осум месеци“, потврди Никола, синот на 76-годишната актерка. Велковкса доживеа мозочен удар на 10 јули минатата година. Тогаш некои медиуми објавија дека починала, пред да се огласи нејзината снаа за „Индекс“ за да ја демантира веста. Актерката имаше богата кариера. Глумеше во серии кои беа доста популарни и кај нас, меѓу кои се „Забранета љубов“, „Нашата мала клиника“, и „Битанги и принцези“.. Имаше неколку забележливи појавувања и на големото платно.

Можете да прочитате

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

Јуфки со блитва и печурки

Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината