Утрински Весник
Спорт

„Победата на Партизан е нерегуларна – еве го доказот“

„Победата на Партизан е нерегуларна – еве го доказот“

Кошаркарите на Сплит загубија од Партизан, на домашен терен со 95:96 (24:27, 23:21, 24:23, 24:25) во натпреварот од 20. коло од регионалната АБА лига одигран на 4 март. Сплит одиграа рамноправен натпревар против фаворизираниот противник, победникот го реши тројката на Џејмс Нанали на 1,5 секунда пред крајот.

dobivaj vesti na viber

Но, победата на Партизан е под знак прашалник, бидејќи играчот на Партизан, Матијас Лесор, беше во игра во последните шест и пол секунди, иако веќе имаше пет лични грешки. Но, на семафорот стоеше дека францускиот центар има четири лични, што јму даде за право на тренерот Жељко Обрадовиќ да го врати во игра, иако претходно го извади поради петтиот прекршок.Исклучувачкиот фаул, Лесор го направи на 50 секунди до крајот.

На плеј бај плеј, на официјалната веб-страница на АБА лигата четвртиот фаул на Лесор му беше запишан на Нанели.

Судии на овој натпревар беа Дамир Јавор, Милош Кољеншиќ и Едо Јавор, кои направија недозволива грешка на шетата на домашниот тим.

Оваа вест прв ја соопшти Домагој Панциров, коментатор на ТВ Арена, при преносот на натпреварот СЦ Дерби-Сплит.

Во приложениот твит има видео преглед на сите лични грешки досудени на францускиот кошаркар, со придружен скриншот од плеј бај плеј од веб-страницата на АБА лигата, како и доказ дека и покрај тоа тој бил на паркетот до крајот на утакмицата.

 

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига