Утрински Весник
Балкан

По вчерашниот напад, на турските аеродроми има зголемена готовност

Turcija Istanbul .jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 Турските аеродроми се ставени во состојба на зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара, а патниците се повикуваат да пристигнуваат на аеродромите најмалку три часа пред летот, објави турската приватна телевизија НТВ.

По вчерашниот терористички напад врз националната воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во предградие на Анкара, Кахраманказан, каде загинаа пет лица, сите аеродроми во земјата се ставени во „портокалов“ режим на готовност.

Безбедносните служби на аеродромите се информирани за одлуката, според која се зајакнати мерките за безбедност на аеродромите, поради потенцијални терористички напади.

Зголемени се мерките на влезовите и излезите од аеродромите „Сабиха Гокчен“ и „Истанбул“. Превозните средства што пристигнуваат и заминуваат се претресуваат, а се вршат и проверки на идентитетот на патниците, посочува телевизискиот канал.

Аеродромот „Сабиха Гокчен“ препорача на патниците да пристигнуваат најмалку три часа пред летот поради „можните доцнења кои може да произлезат од дополнителните мерки“.

Во нападот врз „ТУСАШ“, покрај петте жртви, ранети се 22 лица. Турските медиуми известуваат дека двајца напаѓачи, маж и жена, го извршиле нападот. Тие се качиле во такси, го убиле возачот и го ставиле телото во багажникот, а со возилото се доближиле до главниот влез на компанијата. Жената се разнела, додека другиот напаѓач продолжил со вооружен напад, стрелајќи по обезбедувањето и луѓето околу.

Министерот за внатрешни работи на Турција соопшти дека идентификуван е идентитетот на напаѓачите, кои биле членови на Курдаската работничка партија (ПКК).

Можете да прочитате

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун

Во Црна Гора ќе следува затворска казна ако ве фатат со лажна диплома

Зголемени приходите на Грција за 8,9 отсто од туризмот