Утрински Весник
Спорт

Утре одлука за случајот „Мбапе“

Mbape.jpg

Заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) во петок ќе донесе одлука за финансискиот спор меѓу клубот Пари Сен Жермен (ПСЖ) и неговата поранешна ѕвезда Килијан Мбапе.

Францускиот играч бара 55 милиони евра од ПСЖ, бидејќи тврди дека во последните месеци во парискиот клуб не добивал плата и бонуси како другите играчи. ПСЖ одбива да ја плати таа сума.

ЛФП првично му наложи на парискиот клуб да му плати на Мбапе, но ПСЖ поднесе жалба до Заедничката комисија за жалби и одлуката се очекува во петок.

Во меѓувреме, Мбапе се пресели во Реал Мадрид.

Можете да прочитате

Холмгрен си ја скрши карлицата

Ѓоковиќ испадна од Топ 5 на АТП листата

Џејмс е најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара