Утрински Весник
Свет

По случајот со сериски силувач во лондонската полиција, на стотици им се заканува отказ

По случајот со сериски силувач во лондонската полиција, на стотици им се заканува отказ

Стотици лондонски полицајци би можеле да бидат отпуштени поради сексуални напади и семејно насилство, изјави денеска шефот на лондонската полиција во ек на напорите за враќање на довербата на јавноста откако полицаец од Лондон признал дека е сериски силувач.

dobivaj vesti na viber

Лондонските полициски сили, кои ги потресоа скандали во последните години, се втурнати во уште посериозна криза откако полицаецот Дејвид Керик (48) призна дека извршил 24 силувања во текот на речиси две децении додека бил во полицијата, додека неговите колеги не реагирале на време за да го спречат. Скандалот се случи по серијата откритија за сериозни злоставувања во лондонската полиција, која е најголемата британска полиција со повеќе од 43.000 цивилни и униформирани службеници.

Началникот на полицијата, Марк Роули, кој беше назначен пред четири месеци да ја спроведе операцијата, рече дека се водат истраги против речиси 400 полицајци за повеќе од 1.000 поплаки за сексуално и семејно насилство.

Според него, многумина ќе останат без работа.

„Имам десетици илјади одлични мажи и жени, но имаме и стотици кои не треба да бидат во полициските сили. Ќе се справам со тоа“, изјави Роули денеска за Би-Би-Си.

„Ние систематски го истражуваме секој службеник во цивилна облека и униформиран против кој има поплаки, кои биле вклучени во инциденти како семејно или сексуално насилство“, додаде комесарот.

Можете да прочитате

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија