Утрински Весник
Спорт

Новата македонската ракометна реалност – трет катастрофален пораз, Аргентина не „уништи“

Новата македонската ракометна реалност – трет катастрофален пораз, Аргентина не „уништи“
Ss2

Македонската ракометна репрезентација го доживеа и третиот катастрофален пораз на Светското првенство во Полска и Шведска, губејќи од мотивираната Аргентина со 35:26 (18:11) за да се комплетира настапот во групната фаза без никакви шанси за пласман и со навикнување на новата ракометна реалност, во која Македонија дефинитивно спаѓа меѓу аутсајдерите на сите големи натпреварувања.

dobivaj vesti na viber

Иако беше познато дека селекторот Кирил Лазаров патува на ракометниот Мундијал со подмладен и неискусен тим, репрезентативците дефинтивно потфрлија не само во играта, туку и во мотивацијата кој ја покажаа во националниот дрес. Со сигурен пласман на следното ЕП, се поствува и прашањето дали со ваква игра можеме да се надеваме на следен настап на СП.

Ss1

Против Аргентина очекувањата беа дека ќе можеме да заборавиме на лошите порази од Норвешка и Холандија, реално далеку посилни репрезентации од нашата и дека со малку борбеност може да стигнеме до победата која ни беше неопходна за пласман. Меѓутоа, по првичното 1:0 водство, набргу стана јасно дека налетавме на сериозна и искусна репрезентација, која знае што сака на теренот и веќе во првите 30 минути во кои Аргентина имаше седум гола предност, беше јасно дека можеме да се надеваме само на чесен пораз. До него не дојде, откако и во второто полувреме, Аргентинците продолжија со леснотија да го полнат нашиот гол и да стигнат до двоцифрена разлика.

Сега, останува настапот во таканаречениот Президентс куп, во мечевите за пласман со нискорангираните репрезнтации, нашите репрезентативци да осигураат дека нема да си одат дома со сите порази.

СП РАКОМЕТ ПОЛСКА/ШВЕДСКА
ГРУПА Ф
Македонија – Аргентина 26:35 (11:18)
Холандија – Норвешка 20.30 ч.

ГРУПА Е
Алжир – Германија 21:37 (9:16)
Катар – Србија 20.30 ч.
ГРУПА Г
Египет – САД 35:16 (19:7)
Хрватска – Мароко 20.30 ч.
ГРУПА Х
Белгија – Бахреин 28:30 (12:15)
Тунис – Данска 20.30 ч.


Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал