Утрински Весник
Македонија

По претрес во Скопје приведени три лица

Priveden.jpg
300x250 (7)

По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.03.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Исто така, при претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје. Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Ss1

Можете да прочитате

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Села: Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ

До самиот крај на овој месец пролетни, до рано-летни температури и претежно стабилно и сончево време