Утрински Весник
Македонија

По повод Рамазан Пендаровски на вечера кај семејството Рамадани

FB IMG 1710356244372.jpg

Претседателот Стево Пендаровски вечерва го посети семејството Рамадани кафе присуствуваше на ифтарска вечера.

„Благодарност до семејството Рамадани за укажаната чест да бидам дел од ифтарската вечера во нивниот семеен дом. Ова не се само денови на пост и молитва, туку и денови кога треба да покажеме почит и внимание кон традицијата и различните верски обичаи. На сите верници од исламска вероисповед им посакувам рамазанските пости да ги поминат во мир, спокој и семејна хармонија“, објави Пендаровски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Оперативната акција „Чистач“: 5.628 лишени од слобода, 1.135 кривични пријави и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал

Опожарени столбови за пренос на електрична енергија предизвикаа застој во водоснабдувањето на Босилово и прекин во снабдувањето со струја

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците