Утрински Весник
Свет

По окупцијата на Бахмут, шефот на Вагнер: За неколку дена се враќаме во Русија

По окупцијата на Бахмут, шефот на Вагнер: За неколку дена се враќаме во Русија

Шефот на платеничката група Вагнер рече дека неговите сили ја зазеле целата територија во Бахмут и наскоро се враќаат во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Вагнер денеска не зазеде никаква територија. Ја освоивме целата територија што ја ветивме, до последниот сантиметар“, рече Евгениј Пригожин во аудио пораката на Телеграм, додавајќи дека неговите борци ќе го напуштат фронтот следната недела.

„Како што објавивме вчера, нашите позиции ги предаваме на руското Министерство за одбрана и ја напуштаме зоната на конфликтот на 25 мај“, рече Пригожин, а пренесува „Скај њуз“.

Да потсетиме, Русија вчера објави дека го освоила целиот украински град Бахмут. Нападот на веќе речиси израмнетиот град го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.

„Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции. Зеленски денеска одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на Г7 изјави дека Русија не го окупирала Бахмут.

„Не можам да ги споделам со вас, тактичките информации на нашата армија, нашите воини, но можам да кажам дека Русија не може да не окупира или да победи во оваа војна“, одговори тој на прашањето за Бахмут.

„Нашите луѓе сега се на многу важна мисија во Бахмут. Нема да кажам каде точно, но Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“, додаде тој.

Можете да прочитате

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Американски булдог го нападнал сопственикот на игралиште во Англија: реагирала и полицијата

Вучиќ за Си-Ен-Ен: Србија ги спроведе сите меѓународни обврски, Косово ниту една