Утрински Весник
Култура

По настапите во САД и Франција уникатно музичко патување со младата вокалистка Натали Зарин во „Станица 26“

По настапите во САД и Франција уникатно музичко патување со младата вокалистка Натали Зарин во „Станица 26“

На 28 март во вторник, со почеток во 21 часот, на сцената во ноќниот клуб „Станица 26“ за првпат ќе настапи младата вокалистка Натали Зарин. Ова уникатно целовечерно музичко изненадување насловено „Рапсодија 26“ е замислено како фузија на различни музички жанрови и звуци, повеќе и помалку познати на нашата сцена, обоени со иновативен призвук.

dobivaj vesti na viber

„Овој музички проект нуди свеж и препознатлив звук, кој ги спојува елементите на поп, соул, електроника и денс музика. Креираме оригинални аранжмани на веќе познати мелодии, преработени во уникатен стил и создаваме нов звук. Така, се обидуваме да допреме до публиката и да создадеме едно ново и незаборавно искуство. Нашата музика е спој на различни жанрови, кои ги рушат конвенционалните граници“, вели Зарин, која на сцената ќе настапи со поддршка на музичарите: Никола Бочваров на бас гитара, Александар Ванчовски на тапани, Петар Лукиќ, клавијатури и Иван Петровски – гитара.

Музичкото патување ќе биде отворено со оригинална музика од Авиа (интрументална верзија). Прв акт: „Габриел“, потоа, следуваат изведби на песните: „Чувствувам љубов“, „Засекогаш повеќе“, “Треска”, „Роден да умре”, „Во состојба на интоксикација”. По интермецото со Париз од Авиа (инструментална верзија), следува втор акт: „Панаме“ и песните: „Не плачи за мене Аргентина”, „Прекрасниот остров”, „Боем“, „Тебе ти е редот“, „Повлечи се” и „Ми недостасуваш”. И трет акт „26“ и мелодиите: „Подготвен или не/не сакам да знам“, „Чекори една миља во моите чевли”, “Ќе преживеам” и „Не е во ред, но добро е”.

Натали е ново име на македонската музичка сцена, а вокалната техника ја образува на Факултетот за музичка уметност во класата на професор Борис Трајанов.

Во 2018 и 2019 година се има доусовршувано на приватниот истражувачки универзитет – Музичкиот конзерваториум „The New School“ во Њујорк. Претходно има посетувано и часови по глума во Студиото на Ивана Чабак во Лос Анџелес (2016/2017).

Минатата година, за време на нејзиниот престој во Париз, Франција, има настапувано во клубот „Le Piaf“ и во прославениот кабаре бар „Boeuf Sur le Toit“.

Во Соединетите Американски Држави досега имала неколку настапи во живо помеѓу кои во „Town Hall Ptown“, „Tin Pan Alley late night show“ и на „Училишна ноќ“ во Лос Анџелес.

Досега има настапувано и со оркестарот на Национална опера и балет во Скопје.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“