Утрински Весник
Спорт

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата

По долги 515 дена Зион Вилијамсон повторно заигра во НБА. Тој играше за неговиот тим Њу Орлеанс Пеликанс во претсезонск натпревар и даде значаен придонес во победата против Чикаго Булс од 129:125. Девонте Греам ги предводеше Пеликанс со 21 поен, а исто толку за Булс постигна Демар Дерозан.

dobivaj vesti na viber

Вилијамсон, кој долго се опоравуваше од повредата, синоќа одигра 15 минути и постигна 13 поени со четири скока, една асистенција и украдена топка. Зион беше прв пик на драфтот во 2019 година, а во кариерата поради честите повреди одигра само 85 натпревари и постигнуваше во просек по 25,7 поени по натпревар.

Зион е само една од големите НБА ѕвезди кои се вратија по повеќе од една година отсуство. Вчера повторно заигра и Каваи Ленард, кошаркарот на НБА Клиперс и двократен МВП на финалето. Ленард постигна 11 поени, а со него и Џон Вол, поранешниот прв пик на драфтот, го одигра својот камбек натпревар за Клиперс.

Австралискиот плејмејкер Бен Симонс се приклучи на тимот на Бруклин Нетс, каде оваа сезона треба да игра со Кајри Ирвинг и Кевин Дурент. Симонс постигна шест поени во претсезонскиот пораз од Филаделфија.

Можете да прочитате

Рубљoв: Секогаш е убаво да се тренира со Надал, но морам да признаам дека не можев да му парирам

Во Леверкузен сакаат Чаби Алонсо да добие своја улица

Олимпискиот оган запален во античка Олимпија, ќе биде во Грција до 26 април