Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

По долго време Меланија се појави со Трамп во јавност, се гушкаа и бакнуваа

Fdf 2.jpg
300x250 opst2

По долго време Меланија се појави со Трамп во јавност, се гушкаа и бакнуваа

Меланија Трамп се појави на собир на републиканците каде Трамп ја прифати третата претседателска номинација.

Сопругата на Трамп, која во последно време ретко се појавува во јавноста, се појави во црвена комбинација и со него разменуваа прегратки и бакнежи, а се држеа и за рака.

„Длабоко ми е чест што мојата неверојатна сопруга Меланија ми се придружи на ова патување. Ти благодарам Меланија и ти благодарам за твоето прекрасно писмо до Америка во кое повика на национално единство. Допре многумина“, ѝ рекол Трамп на својата сопруга од сцената гледајќи наназад на нејзиното писмо испратено до јавноста по пукањето на Трамп.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега