Утрински Весник
Спорт

По Бускетс и Алба ќе ја напушти Барселона

По Бускетс и Алба ќе ја напушти Барселона

По Серхио Бускетс, уште еден од сенаторите, Џорди Алба ќе ја напушти Барселона. Претходно, во октомври, кариерата ја заврши Џерар Пике.

dobivaj vesti na viber

Оваа вест денеска ја потврди Џерард Ромеро, новинар со јаки извори во клубот.

„Џорди Алба ја напушта Барселона. Клубот тоа ќе го соопшти денеска. Тој ќе се откаже од голем дел од платата за следната сезона и ќе замине како слободен играч“.

Каталонски извори истакнуваат дека заминувањето на Алба нема никаква врска со потенцијалното враќање на Меси, исто како што тврдеа со Бускетс и дека тоа било желба на играчот, а не притисок од клубот.

Сепак, останува да се види дали Меси навистина ќе се согласи да се врати во момент кога клубот го напуштија неговите најдобри пријатели во Барселона.

Како и Серхио Бускетс, не е познато каде Алба ќе ја продолжи кариерата, но се шпекулира дека не сака да ја напушти Шпанија. Доколку остане во Шпанија, веројатно ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Алба во Барселона пристигна летото 2012 година од Валенсија за 14 милиони евра.

За првиот тим на Барселона забележа 458 настапи, постигна 27 гола и забележа 99 асистенции. Освои шест титули во Ла Лига, пет трофеи во Купот на кралот, четири во шпанскиот Суперкуп и по еден трофеј во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024