Утрински Весник
Свет

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск

Donald Tusk.jpg

Лавина од закани по атентатот над словачкиот премиер Роберт Фицо, трга не само кон словачките функционери и новинари туку и кон европски политичари. Меѓу нив на тапает за застрашување се најде и полскиот премиер Доналд Туск кој денеска обелодени дека добил закани по животот непосредно по атентатот на словачкиот колега. Туск на платформата Х напиша дека вчера се случувале многу работи, а неговата објава содржи коментар објавен и на социјалната мрежа во кој се вели: „ Словаците ни дадоа пример што треба да се направи со Туск доколку одлучи да не ја реализира инвестицијата на голем аеродром во централниот дел на земјата“.

Полскиот веб-сајт Wp.pl денеска објави, повикувајќи се на извор од Државната служба за заштита, органот задолжен за заштита на важни личности во Полска, дека заштитата на Туск ќе биде зголемена по атентатот на Фицо, пренесуваат британските медиуми.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос