Утрински Весник
Скопје

По 33 години: Нови услови за дечињата во „Буба Мара“

Download 2.jpg

По цели 33 години, за првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Најмладите од септември ќе ги пречекаат нови и значително подобри услови за престој.

Денеска градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и претседателката на Советот Сузана Павловска го посетија објектот и извршија увид во текот на работите. На горниот кат се врши замена на подовите во сите занимални и простории, се заменуваат вратите и се бојадисува целиот простор.

Дечињата од септември ќе престојуваат во убаво уреден и целосно освежен простор, со нов мебел и нови дидактички материјали, создадени за нивниот пријатен престој, игра и учење.

По 33 години, „Буба Мара“ добива ново и современо лице, а најважно од сè – подобри услови за дечињата.

Можете да прочитате

„Заедно за чисто Скопје“ нова еколошка акција ќе се одржи во среда

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција