Утрински Весник
Магазин

По 27 години во Лас Вегас уапсен маж за убиството на раперот Тупак

По 27 години во Лас Вегас уапсен маж за убиството на раперот Тупак
Dik 300x250 mk

Полицијата во Лас Вегас уапси маж поврзан со убиството на раперот Тупак Шакур пред речиси три децении.

dobivaj vesti na viber

Дуан „Кефе Д“ Дејвис призна дека бил на местото на пукањето пред 27 години во кое беше убиен Тупак Шакур, и утрово беше приведен, пишува „АП“.

Според „АП“, Дејвис одамна им бил познат на инспекторите и самиот признал во интервјуата и во своите мемоари од 2019 година, „Легендата за улицата Комптон“, дека бил во автомобилот од марката „кадилак“ кога се случило пукањето во септември 1996 година.

Легендата на хип-хоп беше застрелан четири пати во пукање во Лас Вегас во 1996 година. Неговиот убиец никогаш не беше пронајден.

Загина на 25 годишна возраст.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година