Утрински Весник
Магазин

По 25 години, „Титаник“ се враќа во киносалите

По 25 години, „Титаник“ се враќа во киносалите

Филмот „Титаник“, еден од најголемите филмски хитови во историјата на кинематографијата, се враќа на големото платно во освежена верзија на 9 февруари по повод 25-годишнината од неговата премиера.

dobivaj vesti na viber

Најпознатиот филм на режисерот и сценарист Џејмс Камерон ќе ја прослави својата годишнина во кината во IMAX® 3D и 3D 4K-формат.

Како што потсетува најавата, „Титаник“ освои рекордни 11 „Оскари“, меѓу другите, за најдобар филм, режија, камера и за монтажа. По првото прикажување во 1997 година, тој стана најуспешниот филм на сите времиња, а сега е трет филм со најголема заработка во светот.

Приказната за потонувањето на луксузниот прекуокеански брод промовиран како брод што не може да потоне го обиколи светот во рекордно време, а многу филмски критичари се согласуваат дека „Титаник“ и понатаму е најголемиот филм што некогаш е снимен“, се наведува во најавата.

Актерската екипа на оваа епска романса, која го одбележа воспитувањето на многу генерации, ја предводат оскаровците Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, а со нив се и: Били Зејн, Кети Бејтс, Френсис Фишер, Бернард Хил, Џонатан Хајд, Дени Нучи, Глорија Стјуарт, Дејвид Ворнер, Виктор Гарбер, Бил Пакстон.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност