Утрински Весник
Свет

Пленковиќ за Си-Ен-Ен: Не може да се очекува Украина да отстапи ниту дел од својата територија

Пленковиќ за Си-Ен-Ен: Не може да се очекува Украина да отстапи ниту дел од својата територија

Политичките и дипломатските контакти за крај на конфликтот се секогаш корисни, но Украина и Русија „се уште не се таму“, а можната руска нуклеарна закана предизвикува вознемиреност, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во изјава за Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

На прашање на новинарот дали мисли дека сега е време за повеќе дипломатија со Русија, Пленковиќ вели дека на крајот на секој конфликт обично има некакво дипломатско или мирно политичко решение.

„За жал, ние сме во средина на агресија, окупација на територии, организирање референдум за нелегална анексија на територијата на друга суверена држава и продолжување на воените операции со воздушни напади и тревога. Мислам дека политичките и дипломатските контакти се секогаш корисни, но како што јас гледам, уште не сме таму“.

„Од почетокот бевме загрижени за употребата на конвенционално оружје, а камоли за тактичко оружје, заканата од нуклеарно оружје. Апсолутно сите се ужаснати дури и од можноста да се разгледа тоа“, рече Пленковиќ.

Можете да прочитате

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

Тројца загинати и осуммина повредени во престрелка во ноќен клуб во Њујорк

„Ер Канада“ од вечерва започнува со постепено обновување на летовите по штрајкот на кабинскиот персонал