Утрински Весник
Магазин

Пирс Морган: Кралот Чарлс повлече линија по исфрлањето на разгалениот Хари

Пирс Морган: Кралот Чарлс повлече линија по исфрлањето на разгалениот Хари

Пирс Морган тврди дека кралот Чарлс повлекол линија откога ги избркал принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл од нивниот дом, Фрогмор Котиџ.

dobivaj vesti na viber

Минатата недела медиумите објавија дека кралот Чарлс Трети им кажал на принцот Хари и на Меган Маркл да ја напуштат нивната база во Обединетото Кралство, Фрогмор Котиџ.

А сега Пирс Морган ги нуди своите два цента за одлуката, што ги остави критичарите поделени.

„И покрај сето тоа што се случи, Чарлс јасно им стави до знаење на луѓето дека сè уште го сака својот втор син“, вели Пирс.

Но, во секој таков спор доаѓа точка кога мора да се повлече линија во песокот.

„И за Чарлс, таа линија дојде во облик на книгата на Хари, ‘Резерва’, која врз неговото семејство исфрли товар со скапано, смрдливо ѓубриво големо колку Големиот Кањон,“ пишува тој во својата колумна за „Сан“.

Пирс исто така го нарече Хари разгаленo дете за поплаките што ги искажа на телевизија за високите членови на кралското семејство.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста