Утрински Весник
Магазин

Пирс Броснан стана дедо по четврти пат

Пирс Броснан стана дедо по четврти пат

Пирс Броснан на својот Инстаграм профил ја објави среќната вест дека станал дедо на момчето Џексон Илаја, родено пред пет дена.

dobivaj vesti na viber

Синот на ирскиот актер, Шон, и неговата сопруга Сања, по потекло од Хрватска, го добија своето второ дете, момче, и веќе се родители на ќерката Марли Меј Касандра (7).

„Џексон Илаја Броснан, роден во 15:06 часот на 12/11/2022… Благослов за тебе, мој најмил внук, добредојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли,“ напиша гордиот дедо (69) на Инстаграм.

Пирс стана дедо пред две децении, но сè уште е возбуден поради оваа улога. Тој сега живее на Хаваи со својата сопруга Кили Шеј Смит.

Пирс има одиграно многу улоги како актер, сепак, една од улогите во кои најмногу ужива е таа што му овозможува време со семејството.

Ѕвездата од „Џејмс Бонд“ беше еден од најбараните актери во Холивуд, па дури беше и крунисан за „Најсекси маж на светот“ неколку пати, но тој има очи само за една жена, Кили Шеј Смит – на разочарување на некои фанови.

Пирс е со неа откако се запознале во 1994 година на забава во Кабо Сан Лукас, една година пред да дебитира како Џејмс Бонд, улогата по која сега е познат. Од моментот кога ја видел Кили, Броснан не можел да престане да размислува за неа.

„Каде и да одев во светот, ми недостигаше и ѝ испраќав билети да дојде за да бидеме заедно. Се чинеше дека едноставно си одговараме,“ рече тој во една прилика.

 

Можете да прочитате

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување