Утрински Весник
Спорт

Пиоли: Не создадовме доволно шанси да го скршиме противникот

Пиоли: Не создадовме доволно шанси да го скршиме противникот
Ss2

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли остана разочаран од ремито 0:0 на гости против Кремонезе во Серија А. Тренерот призна дека неговиот тим не бил на потребното ниво, особено во второто полувреме и тоа е главната причина за ваквиот резултат.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека првото полувреме беше добро, но вториот дел беше далеку од нашите стандарди. Не успеавме да создадеме доволно шанси во нападот. Кремонезе размислуваше само за одбраната и го затвори просторот, но, сепак, можевме подобро“, вели Пиоли.

Ss1

Тренерот на Милан објаснува дека очекувал подобро издание од својот тим.

„Во второто полувреме ја загубивме флуидноста и брзината во движењата. Не ги добивавме дуелите во нападот, што обично го правиме добро. Ни недостигаше движењето без топка и тоа не спречи да создадеме повеќе шанси. Не сакам да зборувам за индивидуални грешки. Или играме добро тимски или сме слаби повторно како тим, а тогаш нема да оствариме резултат. Знаевме што не очекува со Кремонезе. Од почетокот на сезоната тие се агресивни во одбраната. Се вратија назад, па моравме да најдеме начин да ја движиме топката. Имавме свои шанси, особено во првото полувреме, но кога не постигнувате голови рано, овие натпревари стануваат компликувани како што одминува времето. Не создадовме доволно шанси да го скршиме противникот“, смета стратегот на „росонерите“.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер