Утрински Весник
Спорт

Пиоли: Бевме брзоплети и заборавивме на одбраната

Пиоли: Бевме брзоплети и заборавивме на одбраната

Милан испадна од Купот на Италија откако загуби со 0:1 на „Сан Сиро“ од тимот на Торино. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мишел Ндари Адопо во 114. минута.

dobivaj vesti na viber

„Росонерите“ упатија дури 14 удари, од кои осум во рамките на голот, но не ја затресоа противничката мрежа иако имаа и играч повеќе на теренот од 70.минута.

Тренерот Стефано Пиоли по натпреварот се обиде да остане мирен и да даде логично објаснување за поразот.

„Одигравме агресивно и одлучно против тежок противник. Сепак, не го покажавме потребниот квалитет и острина за да ја искористиме нашата супериорност. Брзавме обидувајќи се да постигнеме гол и заборавивме на одбраната. Тоа е големо разочарување бидејќи сакавме да продолжиме напред во Купот“, изјави Пиоли.

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови