Утрински Весник
Свет

Пилотот на лет од САД до Кина си го заборавил пасошот, па се враќале назад од половина пат

36a82b22 Resize 820x0x100.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Авион на Јунајтед ерлајнс кој летал од Лос Анџелес за Кина морал да се врати во САД два часа по полетувањето, откако било откриено дека еден од пилотите не носел пасош.

Како што потврдија од авиокомпанијата за CNN, авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во саботата во 14 часот по локално време и се упатил кон северозапад.


Планот бил да се прелета преку Тихиот Океан до Шангај.

Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, пишува порталот FlightAware.

„Пилотот немаше пасош. Договоривме нов екипаж кој ќе ги однесе патниците до нивната дестинација таа вечер. Патниците добија ваучери за оброк и компензација“, соопштија од авиокомпанијата.

Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.

Можете да прочитате

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра