Утрински Весник
Македонија

Се чистат одрони на патот Делчево- Пехчево- Берово

Odroni.jpg

Подружницата на Македонија пат информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово, екипи на претпријатието вечерва работат на нивно чистење.

Одроните, како што соопштија, се најизразени на одредени делници кај селата Тработивиште и Истевник, заради што апелираа на внимателно возење на регионалниот пат.


Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните, информираа од Македонија пат.

Претходно одрони се чистеа и на магистралата А3, која е дел од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија