Утрински Весник
Спорт

Пикси: Ова е фрустрирачки, требаше паметно да го затвориме мечот

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Репрезентацијата на Србија испушти победа против Камерун откако доведе со 3:1 на почетокот на второто полувреме, а дозволи Камерун да се врати и да израмни на 3:3.

dobivaj vesti na viber

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси призна дека се чувствува фрустрација во тимот по еден ваков меч.

„Чувствуваме фрустрација. Да имате предност од 3:1 е голема работа и само треба да бидете паметни и да го затворите мечот. Мислам дека некои грешки скапо нè чинеа. Апсолутно непотребно излегување високо на последната линија. Тоа е забрането во фудбал на високо ниво. Факт е дека за нијанса сме подобри од Камерунците, но резултатот на крајот сепак е 3:3. Создадовме неколку одлични шанси, навистина не знам како не ги искористивме“, изјави Драган Стојковиќ.

Сега Србите ќе навиваат за Бразил на дуелот со Швајцарија, а потоа и ќе се подготвуваат за пресметка со оваа европска селекција.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка