Утрински Весник
Македонија

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела – на Инфективна креветите се полни

Grip.jpg

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси сите пацинети со инфлуенца на кои им треба болничко лекување се невакцинирани против сезонски грип велат инфектолозите.Најголем дел од нив се луѓе кои имаат и други коморбидитети но грипот дополнително им ја влошил сосотјбата.

Матичните доктори велат дека приситокот врз амбулантите не е драматичен, но сепак апелираат на внимателност.


Болните се жалат на висока температура, кашлица која трае подолго време, болки во мускулите, омалаксаност, намален апетит, дехидрираност и респираторни потешкотии. Докторите препорачуваат топла облека, конзумирање здрава храна со витамини повеќе течности и физичка активност на чист воздух.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Докторите препорачуваат вакцинација на целото население, особено на ризичните групи – луѓе над 65 години, деца, лица со хронични болести, бремени жени, како и здравствени работници.

Последниот извештај на ИЈЗ покажа дека во последната недела бројот на пријавени со грип е над 3000, што е најмногу на неделно ниво во оваа сезона. Има и двајца поцинати во болнички услови.

Можете да прочитате

Трифунова: На колена ве молам – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел

Смрт на заштитен вид мајмун во Скопската Зоолошка

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани