Утрински Весник
Македонија

Пијан крушевчанец со возилото удрил во паркиран автомобил и избегал, полицијата го приведе

Policija 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

На 03.11.2025 во 00:00 часот на ул.„Самоилова“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Г.И.(30) од с.Дулица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 03.11.2025 во 02:43 часот на ул.„Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници го лишија од слобода В.М.(28) од Крушево. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и го напуштил местото. По преземени мерки, тој бил пронајден и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 02.11.2025 во 21:35 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Т.(23) од с.Цера, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 02.11.2025 околу 15:24 на ул.„Железничка“ во Штип, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Штип констатирал дека А.В.(38) од општина Зелениково управувал патничко возило „тојота“ со брзина од 102 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можете да прочитате

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога