Утрински Весник
Македонија

Пијан и со забрана за возење прегазил пешак во Неготинско

Soobrakajka.jpg

На 12.04.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско. Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М.(62) од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Неготино.

 По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило. По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

СДСМ: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

Дневната програма на Виноскоп се преместува за утре поради најавени врнежи

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен” закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција