Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Талат Џафери не ја заслужува функцијата на технички премиер, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква обврска да ја поддржи оваа влада

Img 8136

Во вечерашната емисија „Топ Тема” на Телма ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека принципиелен став на ВМРО-ДПМНЕ е и длабоко уверување на поддржувачите дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер.

„Не се работи за собирање на политички поени се работи за принципиелен став на ВМРО-ДПМНЕ, наше длабоко уверување и на нашите поддржувачи е дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер. Дополнително што истиот е избран можеби формално согласно закон меѓутоа суштински различно од она што го вели законот, а тоа е дека техничкиот премиер го номинира владејачката партија која што е најголема во собранието во случајот СДСМ. За жал целата македонска јавност вклучително и ние дознавме дека технички премиер ќе биде Талат Џафери после извршниот одбор на политичката партија ДУИ што го докажува она што ние во континуитет го тврдиме, а тоа е дека СДСМ во суштина е помалиот коалиционен партнер. ДУИ го избра СДСМ по принципот послушник на ДУИ си го прифати тој предлог и си го бранат понатаму” нагласи Петрушевски.

Петрушевски додаде и дека СДСМ во случајот е помалиот политички партнер во владата а главната карика во владата, главните конци во владата ги држи ДУИ.

„Она што не го објасни колешката од СДСМ е фактот што премиерот во неговата изјава дека ќе доставел празни места во делот на владата што припаѓа на опозицијата го заборавил членот 3 од законот за влада каде што во ставот 2 изрично стои дека при предлагањето на составот на владата мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Значи формално правно не може мандатарот да достави влада без да ги пополни сте министерства и оние министерства без ресор. Клучната разлика помеѓу политичка и техничка влада е тоа што оваа влада не е коалициска. Ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме никаква обврска да ја поддржиме оваа влада” нагласи Петрушевски.

Можете да прочитате

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил