Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Petrushevski 18.02.2025.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувана јавност,


Со цел конечно Македонија да биде правна држава, држава во која лицата од правосудството се водат и постапуваат согласно правните норми, законите и Уставот мора да се стави крај на Трпков и Кацарска судството кои во изминатите години постапуваа заедно со партиските полтрони Коцевски и Русковска.

Кацарска и Трпков, си играа со судбините на луѓето кои беа вклучени во случајот за 27 април. И за ова нивните газди од СДС и ДУИ ги наградија, па така Кацарска стана уставен судија, а Трпков заборави дека во судството се постапува по закони и Устав и постапуваше по политиката на газдите.

Газдите им свиреа, а тие играа, односно пишуваа пресуди. Кацарска и Трпков и не знаат поинаку.

Секако во играта е и Коцевски, таканаречен обвинител кој исто така не знае за закони и Устав, ама многу добро знае што да прави само кога му се јавуваат газдите од СДС.

Пензионираната Русковска пак заедно со Кацарска се синоним за Заев и еден систем кој овозможуваше неказнивост на криминал.

Трпков, Кацарска, Коцевски и Рускоска се дел од еден правосуден систем на СДС кој ги бранеше криминалот и корупцијата на своите политички газди. Граѓаните за овие четири имиња од правосудството знаат само дека ги трошеле нивните, народните пари и оти ја бранеле корупцијата и криминалот на СДС и ДУИ.

Се гледа крајот на ваквите лица во правосудството. Ваквите случаи во кои високо позиционирани лица во правосудството ја избираат партијата наместо законот во иднина нема да се дозволат. Одговорност мора да има.

Можете да прочитате

Од почетокот на месецов: Издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени

ЦЈЗ Куманово: Нема пријава за нов случај на заболен од шуга во основното училиште во кумановско Романовце