Утрински Весник
Македонија

Петровска за Телма: На списокот за гласање има починати лица и активисти на други партии

Whatsapp Image 2024 06 29 At 15.04.06.jpeg

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска откако и официјално се откажа од трката за лидер на СДСМ, во изјава за телевизија Телма издвои детали од неправилностите во изборниот процес за кои зборуваше деновиве.

„Увидов дека има повеќе од десетина лица кои се регистрирани за гласање, а се починати пред повеќе од три месеци. Значи пред воопшто процесот и да започне. Во неколку општински организации во Охрид, Битола и Куманово и во неколку скопски се евидентирани лица кои се истакнати активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а се регистрирани за гласање. Така што сето ова дава сомнеж во веродостојноста на избирачкиот список и јас не би можела да учествував во избори во кои знам дека има неправилноста, без оглед на тоа каков би бил исходот“, изјави Петровска за Телма.

Петровска во својата изјава, изрази и разочараност од односот на останатите противкандидати за лидер на СДСМ.

„Јас сум разочарана од изјавите кои ги гледам и вчера и денеска од некои од против кандидатите кои не ја сфаќаат сериозноста на избирачкиот процес на СДСМ. Ова е избор за претседател во политичка партија која што го доживеа историски најголемиот неуспех на едни избори и мислам дека ако велиме дека сме ја научиле лекцијата и го слушаме гласот на и на членството  и на граѓаните продолжување на вакви избори по секоја цена, само го докажува спротивното“ истакна таа.

Инаку утрово Петровска преку писмо до Централната изборна комисија во СДСМ официјално се откажа од изборите и побара нејзиното име на гласачкото ливче да биде тргнато за како што вели, гласачите да не бидат доведени во заблуда.

Изборите за нов претседател на СДСМ се закажани за утре, а право на глас имаат нешто над 23.000 членови. 

Можете да прочитате

Штип вечерва е обвиен во чад поради шумски пожар, да се избегнува присуство на отворено

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари