Утрински Весник
Македонија

Петровска: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ и Давкова да бидат конзистентни и да побараат ревизија на договорите со Грција и Бугарија

Slav Anka Petrovska.jpeg

Јас очекував и претседателката на државата и ВМРО-ДПМНЕ да бидат конзистентни и навистина да побараат ревизија на договорите како што најавуваа и ветуваа во кампањата и да кажат која е цената што треба да ја платиме сите ние што живееме во државата, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска за 24 Телевизија.

Јас се плашам, додаде таа, дека во интерес на локалните избори догодина ВМРО-ДПМНЕ ќе ја задржи оваа реторика и нема да има ништо од ЕУ.

Петровска смета дека заклетвата на Гордана Силљановска Давкова било чисто прекршување на Уставот.

„Мислам дека она што се случи во неделата при полагањето на заклетвата е прекршување на Уставот од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Но факт што останува е што таа ја потпиша заклетвата дека ќе им служи на граѓаните на Северна Република Македонија. Јас сум уште повеќе разочарана што во говорот не слушнавме како таа како претседателка ја гледа иднината на нацијата оти таа од таа функција меѓу другото е врховен командант на Армијата. И јас сум го употребувала понекогаш името Македонија, оти така сум се чувствувала, но тоа не наишло на реакции. Ако оваа реторика што ја гледавме во кампањата, со која ВМРО сакаше да го врати своето тврдо националистичко членство и сега ќе треба да ја плати таа цена со тоа што ќе го изговори името Северна Македонија. Ако некој мисли дека со леснотија се потпишал Преспанскиот договор, многу се лаже“ порача Петровска.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)