Утрински Весник
Македонија

Петровска: Наместо криминалците, се апсат граѓани кои реставрираат црква

Slavjanka Petrovska Minister Za Odbrana 19 Bg.jpg

Пратеничката Славјанка Петровска јавно реагираше преку социјалните мрежи на полициската акција во Гостивар, при која беа приведени граѓани кои учествувале во реставрацијата на црквата Св. Петка.

Во својата фејсбук објава, таа ги осуди властите за оваа постапка, поставувајќи прашања за приоритетите на полициските акции.

„Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на село Галате, гостиварско“, напиша Петровска.

Таа ја истакна контроверзата околу обвинувањата за узурпација на земјиштето, посочувајќи дека црквата е изградена пред повеќе од три децении и дека овие тврдења се неосновани. „Прво лажеа дека обвинителството наредило апсење, па откако ЈО демантираше, граѓаните се обвинети за узурпација на земјиште“, додава Петровска.

Пратеничката ја искористи објавата и да упати критика кон пратеничката Дафина Стојаноска, која пред изборите, според Петровска, била гласна за заштита на народот, но сега не презема никакви чекори.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци