Утрински Весник
Македонија

И денеска сончево и многу топло

Zeskovreme 2.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Според прогнозата на УХМР, многу топло време со мала до умерена облачност ќе се задржи и во среда, а во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

-Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи

Можете да прочитате

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија